Бесплатно
Натална карта
Внеси датум, час и место на раѓање. Добиваш нацртана карта и четири цели текста: за Сонцето, Месечината, подзнакот и Венера.
Што е натална карта?
Натална карта (natalna karta) е небото во мигот и на местото на твоето раѓање: каде биле Сонцето, Месечината и планетите од Меркур до Плутон и кој знак изгревал на хоризонтот. Нацртана е како круг.
Хороскопот во весник гледа само еден податок: во кој знак било Сонцето на денот на раѓањето. Тој податок го делиш со секој дванаесетти човек. Наталната карта се пресметува за точната минута и точното место на раѓање, па двајца родени истиот ден, во различен час или град, имаат различни карти.
Картата не кажува што ќе ти се случи. Покажува што бараш, што те смирува, како влегуваш меѓу луѓе, како сакаш и како работиш.
Како се пресметува наталната карта?
Од три податока: датумот, часот и местото на раѓање. Местото е важно поради временската зона, но и затоа што небото над Скопје и над Виена во ист миг не е исто.
Од трите, најмногу зависи од часот. Подзнакот се менува на секои еден до два и пол часа, а со него се поместуваат и куќите. Куќите се дванаесетте дела на картата; секоја покажува една област од животот, како домот или работата. Разлика од половина час понекогаш дава друга карта. Ако часот не го знаеш, можеби го има во изводот од матичната книга на родените.
Натална карта без час на раѓање
Картата и без час кажува многу: Сонцето и планетите се на своите места. Нема подзнак и куќи, а Месечината се пресметува за пладне, затоа што за еден ден таа поминува речиси половина знак. Ако тој ден преминала од еден знак во друг, картата тоа ти го кажува, наместо да погодува.
Бесплатна натална карта со толкување
Добиваш нацртана карта и толкување во четири цели текста на македонски: за Сонцето (што бараш), Месечината (што те смирува), подзнакот (како влегуваш меѓу луѓе) и Венера (што сакаш и како сакаш). Тоа не се кратки описи на знакот, туку истите текстови што ги има во платениот извештај.
Под нив е листата на сите текстови од твојот извештај, по редот во кој се читаат. Така однапред гледаш што содржи.
Како се чита наталната карта?
Однадвор се знаците, со по две букви: Ов е Овен, Би е Бик и така натаму. Кругчињата внатре се Сонцето, Месечината и планетите: Сн е Сонцето, Мс Месечината, Ве Венера. Полната портокалова линија поврзува планети што лесно работат заедно, а испрекинатата планети меѓу кои има триење. Планетите што стојат една до друга се исто така поврзани. Од левата страна, каде што пишува АСЦ, е подзнакот. Горе, кај МЦ, е средината на небото: точката што покажува кон што се стремиш во животот.
Што значи секој дел од картата, кажуваат текстовите под цртежот.
Колку е точна наталната карта?
Картата ја пресметува астрономска програма, за минутата и местото што ги внесуваш. Временската зона и летното сметање на времето се земаат според годината и земјата на раѓањето, а токму тука често се греши. Во Југославија, по војната, летното време се воведе дури во 1983 година. Калкулатор што не го знае тоа пресметува раѓање во 10 часот, во јули 1982, како да било во 9.
Пресметката е споредена на 20 карти со Swiss Ephemeris, основата на најпознатите астролошки програми. Најголемата разлика е помала од една стотинка од степенот.
Податоците остануваат кај тебе
Картата се пресметува во твојот прелистувач. Датумот, часот и местото на раѓање не се праќаат на сервер. Се чуваат само во овој прелистувач, за да не ги внесуваш повторно, и се бришат со едно копче.
Целиот извештај: што содржи и колку чини
Целиот извештај обично има меѓу 40 и 50 текста, околу 6.500 збора, за половина час читање. Точниот број зависи од картата. Редоследот е ваков: прво трите столба (знакот, Месечината и подзнакот), па планета по планета, а на крајот завршен текст. Го добиваш како страница за телефон и како PDF.
Чини 19,90 € и се плаќа еднаш. Кон него можеш да додадеш лунарен календар за 2027. Посебно се купува личниот хороскоп за 2027: периодите на годината за твојата карта.